Водни растенија
Водните растенија се растенија кои барем еден дел од нивниот животен циклус го поминуваат во водата. Тие стекнале голем број на адаптации за живот во водата.
Водните растенија можат да се поделат во три групи: целосно потопени (субмерзни) растенија (или вистински водни растенија); пловечки (флотантни) растенија и мочуришни растенија. Од еволутивен аспект, сите денешни водни растенија преминале од копнен на воден начин на живот, што значи дека нивен предок е копнената вегетација.
Подводните растенија овозможуваат проѕирност на водата, редуцирајќи ги алгите од планктонот по пат на компетиција за поповолни осмотски услови како и намалувајќи го турбидитетот кој е резултат на суспендираните колоиди од глина. Ова овозможува експанзија на нивното царство како што напредува одредена сезона.
Comments
Post a Comment