Озонска обвивка
Озонска обвивка — дел од атмосферата на височина од 19 до 48 км од земјината површина, иако дебелината на слојот варира со годишните времиња и географски. Според тоа каде се наоѓа озонот, тој може да го заштити или да му наштети на живиот свет. Најголем дел од озонот (над 91%) се наоѓа во озонската обвивка во стратосферата (обвивка на атмосферата меѓу 10 и 40 кm над Земјата), каде делува како штит кој ја заштитува земјината површина од штетното ултравиолетово зрачење. Со слабеењето на оваа обвивка, луѓето и живиот свет би биле поизложени на УВ зрачења кои предизвикуваат рак на кожата, катаракти и имуни заболувања. Поблизу до Земјата во тропосферата (обвивка на атмосферата од површината до 10 км височина), озонот е штетен загадувач што предизвикува оштетувања на белодробното ткиво и на растенијата.
Comments
Post a Comment